Близу две третини од граѓаните позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“ во која покрај Македонија дел се и Србија и Албанија, покажува последното истражување на Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став имаат 63,3% од анкетираните додека 15,9% на тоа гледаат негативно.
Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања за Детектор ја спроведе во 2020 година покажува дека расте довербата во „Отворен Балкан“ Ако во 2020 позитивно на оваа инцијатива позитивно гледаа 42,4% од граѓаните денеска нивната бројка е скокната на 63,3%. Очекувано, на повеќе од половина се намалил бројот на граѓани кои негативно гледаат на оваа иницијатива. Од 39,9% за три години бројката се спуштила на 15,9% граѓани кои негативно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“.
И тука Македонците и етничките Албанци имаат идентичен став. 62% Македонци и 67% етнички Албанци позитивно гледаат на „Отворен Балкан“
Интересно е што најпозитивно на оваа иницијатива гледаат најмладите. Кај анкетираните под 30 години позитивно на „Отворен Балкан“ гледаат 70,9%, додека кај повозрасните од 60% овој процент паѓа на 57,3%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници