Првични резултати од изборите во Црна Гора – во водство е „Европа Сега“

Извршната директорка на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) Ана Ненезиќ ги објави првите прелиминарни резултати на предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Црна Гора.

Податоците се врз основа на 55,5 отсто од обработениот примерок.

Во водство е „Европа Сега“ која доби 25,5 отсто од гласовите, односно 23 мандати, а на второ место о е ДПС со 23,4 отсто или 21 мандат.