Европа сега освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

Европа сега освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

Според податоците на Центарот за демократска транзиција на обработени 100% од гласовите, движењето на Милојко Спајиќ, Европа сега победи на изборите во Црна Гора освојувајќи 26% од вкупниот број гласови, или 24 мандати. Веднаш зад нив следува листата „Заедно“ на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ со освоени 23% од гласвоите, односно 21 мандат. На трето место заврши коалицијата „За иднината на Црна Гора“ на Демократскиот фронт со освоени 15,1%, додека пак како четврт заврши коалицијата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ на поранешниот премеир Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ кои освоија 13% од гласовите.

Изборите ги одбележа најниската излезност на гласачите од осамостојувањето на Црна Гора, а на овие избори граѓаните имаа можност да бираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници. Право на глас имаа 542 568 граѓани, а излезноста изнесува околу 55 отсто.

Ова се шести избори од независноста на државата од 2006 година.

Она што го очекуваат Црногорците е по три години политичка нестабилност и по пад на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции, односно ќе го забрза членството на Црна Гора во ЕУ.