Најмалку десет лица загинаа во сообраќајната несреќа коајшто се случила во регионот Хантер, во австралиската држава Нов Јужен Велс, официјално потврди во понеделникот австралиската полиција.
Сите загинати се наоѓале во автобус кој излетал на кружен тек, а моменталните информации посочуваат и дека уште единаесет лица се повредени во таа несреќа. Сите тие се итно пренесени во блиските болници.
Возачот на автобусот, 58-годишен маж, ја преживеал несреќата и е пренесен во болница на задолжителните испитувања. Вкупно 18 патници во автобусот останеле неповредени, односно минале само со полесни повреди.
Несреќата се случила во вечерните часови, неалеку од градот Грета. Полицијата воедно соопшти дека започнала истрага за причините за несреќата.
Според локалните медиуми, автобусот се враќал од свадбена прослава.
Медиумите, исто така, потсетуваат дека последните седмици во Австралиај се случија уште две тешки автобуски несреќи. На почетокот од јуни во државата Квинсленд училишен автобус удри во две камили при што загина возачот. Кон средината на мај, исто така, училишен автобус во државата Викторија се преврте по судар со камион кипер при што повредени беа 18 деца.