Германија именуваше сојузна комесарка за заштита на животните

Во Германија во понеделникот должноста ја презема првата сојузна комесарка за заштита на животните Ариеане Кари, а нејзиното именување како непотребно расфрлање пари го критикуваа демохристијанските пратеници.

„Именувањето на сојузната комесарка за заштита на животните е излишно и погрешно: на нашите сточари не им е потребна уште една скапа позиција во владата коајшто ќе им се меша во работата“, изјави портпарлот за земјоделство на пратеничката група на Унијата на Христијанско-демократската унија и Демократско-социјалната унија (CDU/CSU), Алберт Штрегеман.

Рече дека наместо новата позиција многу поважно е долгорочно финансиско планирање за германските сточари да можат да ги прилагодат своите штали кон најновите стандарди за благосостојбата на животните. Меѓутоа, како што рече Штрегеман, сојузната влада го „блокира трајното финансирање на оваа цел“.

Сојузниот министер за земјоделство Чем Ездемир, од партијата на Зелените, ја предложи кон средината на мај ветеринарката и досегашна комесарка за благосостојба на животните во сојузната покраина Баден-Витенберг Аријае Кари на сојузната влада како прва комесарка на сојузно ниво.

Именувањето на комесарката на сојузно ниво го поддржаа фондациите и здружемијата за заштита и за правата на животните.
„Со ова именување заштитата на животните во рамките на владата доби независен глас, што одамна беше потребно“, соопшти портпаролот на организацијата „Четири шепи“.

Функцијата на комесар за заштита на животните постои во неколку германски сојузни покраина, но ова е прво именување на сојузно ниво и би требало да придонесе за подобра координација на ова прашање меѓу различните ресурси.