Полскиот претседател предупреди на ново зголемување на протокот украински бегалци

Повторно е зголемен протокот на украински граѓани кои пристигнуваат во Полска бегајќи од дејствијата на руската војска во нивната земја, изјави во понеделникот полскиот претседател Анджеј Дуда за новинарите пред средбата со францускиот претедател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаг Шолц.

„Од 24-ти февруари 2022 година (кога започна руската инвазија), милиони бегалци од Украина минаа преку полската територија. Во моментов во Полска се регистрирани еден и пол милион граѓани на Украина. Проценуваме дека повеќе од два милиона украински граѓани постојано престојуваат во Полска“, рече Дуда.

Истакна дека во последниот период во Послка пристигнуваат значително повеќе Украинци отколку што заминуваат назад во татковината.

„Вчера границата со Полска ја минаа 32.000, а 23.000 се упатија во спротивната насока. До неодамна оваа бројка беше речиси еднаква, колку што пристигнуваа толку и заминуваа“, додаде полскиот претседател.

„Сега, по почетокот на украинската противофанзива и интензивирањето на борбите, како и по експлозијата на хидроцентралката Каховка, се зголеми бројот на луѓето коишто пристигнуваат во Полска“, рече Дуда.