Актерот Трит Вилијамс загина во сообраќајна несреќа

Трит Вилијамс, актерот најпознат по улогата во „Евервуд“, загина во понеделникот во сообраќајна несреќа на 71-годишна возраст.

Неговата смрт беше потврдена за магазинот People од агентот Бери Мекферсон. Околу 17 часот во понеделникот, Вилијамс се возел со својот мотоцикл на пат во Вермонт кога автомобил му го пресекол, изјави началникот на противпожарната служба Џејкоб Грибл, без да ја именува жртвата.

„Тој загина попладнево. Вртеше в лево а автомобил му го пресече патот. Едноставно сум скршен. Беше најсимпатичниот тип. Беше толку талентиран“, рече Мекферсон, неговиот агент со кој работеше 15 години.

Од 2002 до 2006 година, Вилијамс ја играше главната улога на д-р Ендрју Енди Браун во серијата „Евервуд“.

Во 1979 година го играше Џорџ Бергер во филмот „Коса“. Токму оваа улога му ја донесе првата номинација за Златен глобус за Нова ѕвезда на годината – а две години подоцна доби втора номинација за неговата изведба во „Принцот на градот“ (Prince of The City).

Сними повеќе од 120 филмови и серии.

Во објава на социјалните мрежи само неколку часа пред својата смрт, Вилијамс сподели видео на кое го коси имотот и напишал: „Денес се коси. Би сакал да го ставам овој мирис во шише.’