Дуда во Париз повика на членство на Украина во НАТО, Макрон вети помош за противофанзивата

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика доцна ноќта во понеделникот земјите членки на НАТО да дадат јасен план во врска со придружувњето на Украина и членство во западниот воен сојуз, а домаќинот на собирот францускиот претседател Емануел Макрон вети дополнителна воена помош за украинската противофанзива која е во тек.

„Украина очекува недвосмислен сигнал во врска со јасната перспектива за членството на НАТО“, изјави Дуда во текот на ноќта по состанокот со Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз.

Полскиот претседател рече и дека тоа се „очекувањата на украискиот државен врв и на војниците кои ја бранат Украина од сеопфатната руска инвазија“. Дуда додаде дека се надева оти претстојниот самит на НАТО во Вилнус во јули ќе ѝ донесе на Украина „светлина на крајот од тунелот по што чезнее“.

Трипартнитните средби на Германија, Франција и Полска, познати како Вајмарскиот триаголник, со историска асоцијација, започнаа во 1991 година во Вајмар во Германија. Разговорите на почетокот имаа декларативна цел да ги приближи Полска и другите источноевропски поранешни комунистички земји кон Европската унија и НАТО, но последната деценија ја доби кончената форма за создавање ткн „санитарен коридор“ во однос на „руската опасност“.

Истовремено, Макрон рече дека започнала со месеци наназад громко најавуваната украинска противофанзива и вети дека ќе следи дополнителна помош за владата во Киев.

Но интигрантно за медиумите беше обраќањето на францискиот челник на прес-конференција до германскиот и полскиот колега со „Сторивме сѐ да ѝ помогнеме“.

„Го засиливме испраќањето на муниција, оружја и оклопни возила…. Ќе продолчжиме и во следните денови и седмици“, рече Макрон кој пред неколку дена разговараше со украинскиот претседател Володомир Зеленски кој му го потврди почнувањето на противофанзивата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прашањето за тоа дали смета дека Германија на Украина треба да ѝ даде бебедносни гаранции на самитот на НАТО во мај одговори „Јасно е дека тоа треба да го направим и тоа на многу конкретен начин“.

Состанокот на челниците на трите земји во Париз требаше да го сигнализира единството меѓу централноисточните и западните земји во Европа, откако Полска во својот историски антагонизам кон Русија ја презема логистичката воена и дипломатска улога во целата украинска криза започната со превратот во Киев во 2014 година и ги прекоруваше Германија и Франција поради нивната бавност во испраќањето оружје за Украина. Но некои геополитички аналитичари го споменуваат и наводниот интерес на Варшава за одредени историски полски територии присоединети на Украина со формирањето на оваа република во поранешниот Советски сојуз.

Макрон рече и дека состанокот е „доказ дека не постои поделбата меѓу ‘старата’ и ‘новата’ Европа“, којашто ја истакнуваа повеќе претседатели на САД изминатите години, откако источните посткомунистички земји под влијание на Вашингтон ги критикуваа Франција и Германија за одбивањето на американската инвазија во Ирак пред 20 години.