Израелскиот извоз на оружје рекодни 12,5 милијарди долари, четвртина во арапските земји

Израел објави во вторникот дека минатата 2022 година извезол воена опрема и оружје во вредност од 12,556 милијарди американски долари, од кои 24 отсто на новите арапски партнери кои ги потпишаа ткн Абрахамов договор.

Израелското Министерство за одбрана истакна дека овие податоци се за 50 отсто поголеми во однос на трите претходни години и двојно поголем во однос на претходната деценија.

Беспилотните летала, односно дроовите, сочинуваат 25 отсто од воениот извоз на Израел во 2022 година, а проектилите, ракетите и системите за противвоздушна одбрана 19 отсто.

Без поединечно да ги наведува клиентите, министерството навведува дека 24 отсто од извозот се остварени во земјите кои го потпишаа ткн Абрахамов договор.

Тоа се Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а Израел во оваа група арапски земји ги вбројува и Мароко и Судан. ОАЕ заедно со Бахреин во 2020 година, со посредување на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, со Израел потпиша договори за нормализација на односите познати како „Абрахамови договори“. Двете сунитски заливски држави и Израел споделуваат загриженост во однос на шиитски Иран и иранските сојузници во регионот.

Регионите на Азија и Пацифик сочинуваат 30 отсто од израелскиот воен извоз, Европа 29 а Северна Америка 11 отсто.