Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.