
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието ја почна расправата по предложениот буџет на Република Македонија за наредната година, пренесува МИА.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески тој е подготвен да може и следната година да се продолжи со политики за поддршка на стопанството и на стандардот на граѓаните.
– Стопанството ќе се поддржува преку проектираниот висок износ на капитални инвестиции, а поддршката на граѓаните се гледа преку предвидените зголемувања на платите, пензиите и социјалните надоместоци, рече Ставрески.
Приходите се проектирани на 163,280 милијарда, расходите на 181,777 милијарди денари, и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП.
За капитални во предложениот буџет се предвдени 21,209 милијарда денари со кои ќе се поддржат крупни инфраструктурни проекти.