Да не беше Ковачевски, Бугарите требаа да го измислат

Неколку дена по лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски, сѐ уште нема одговор кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ се прифаќаат.

Димитар Ковачевски, СДСМ и ДУИ ја доведоа државата во ќорсокак и се заплеткаа во сопствените манипулации за уставните измени продолжувајќи да туркаат процес за уставни измени знаејќи дека немаат доволно пратеници за самиот процес. Сѐ што излезе од кујната на СДСМ по лидерската средба се лаги и манипулации во кои СДСМ сама се заплетка. Според ВМРО-ДПМНЕ и двата предлози кои ги даде Мицкоски на лидерската средба значат зачувување на идентитетот и интеграција во ЕУ.

„Суштината на првиот предлог е одложената примена на уставните измени со влез на државата во ЕУ. Со тоа Бугарија од потенцијален кочничар, станува активно заинтересирана страна што побргу Македонија да влезе во Унијата. И наместо нови блокади, имаме поголема помош. Суштината на вториот предлог се гаранциите кои треба да се бараат од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, јазик и историја, барање средства за Македонската економија и граѓани и барање Бугарија да реализира 3 пресуди за правата на Македонците таму, овие чекори да ги поддржи партијата која би била опозиција, по наредните предвремени парламентарни избори кои треба да се случат на есен, ако се избере овој предлог“, стои во партиското соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.

На тој начин и двата предлога ја гарантираат интеграцијата, дури и ја забрзуваат, а истовремено го гарантираат идентитетот. Наместо јасен став кој од предлозите за СДСМ е прифатлив, се повеќе се проширува лавиринтот во која власта сама се вовлече.

Ковачевски продолжува да турка уставни измени по бугарски терк, а моменталната ситуација најмногу и одговара на Бугарија бидејќи на тој начин се остава простор во тек на преговорите со ЕУ Бугарија да не блокира секогаш кога ќе посака и на тој начин да изнудува се повеќе барања на штета на македонскиот идентитет.