ВИДЕО| Пожар во електрана во Русија, повредени три, а евакуирани 150 лица

Пожар во електрана во Русија резултираше со евакуација на 150 лица, објавија денеска руските медиуми. Во пожарот се повредени три лица, а термоцентралата Новочеркаск престана да произведува топлина и струја.

Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, не потврди дека постојат некакви експлозии. Ростовската област се наоѓа веднаш до границата со Украина.

Пожарот може да биде предизвикан од палење на гас за време на одржувањето, рече тој.