
Да не се заборави!, објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој сподели објава на актерот Игор Џамбазов со неговата порака.
По повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци, денеска ќе се одржи Свечена академија во Дом на култура „Иван Мазов Климе“, со почеток од 19 часот.
Утре пак, градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина Кавадарци во Моклиште, на споменикот на 12-те ваташки младинци со почеток од 10 часот ќе се одржи чествување по повод 80 години од нивното стрелање.