Чаирчанецот Блерим Дачи е лицето кое беше ликвидирано синоќа во Приштина

Блерим Дачи е лицето кое беше ликвидирано синоќа во Приштина откако на неговото возило било пукано од друго возило со калашников, информира косовски Експрес.

Извори од истрагата за порталот информираат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кои го напуштиле местото на настанот, побегнале во правец на Грачаница. Полицијата не успеала да ги фати. Според изворите, автомобилот со кој наводно е извршено делото, полицијата го пронашла запален.

Во возилото што осомничените го запалиле, полициски службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.

Дачи Бљерим е поранешен припадник на Ал Каеда кој издржувал казна затвор од 18 месеци во Пакистан. Тој по враќањето од Авганистан и Сирија го променил презимето во Шабани.

Во Македонија тој е обвинет за недозволено држење на оружје – пиштол „Глок“, за што му е определена мерка домашен притвор. А, според неофицијални извори, во периодот додека бил во домашен притвор, тој го организирал и го извршил двојното убиство и заминал за Косово.

Се поставува прашањето, како е можно на ваков профил на терорист да му се определи куќен притвор?

Според полициски извори, Дачи припаѓал на криминалната група „Барон“ од скопски Бутел предводена од Јусуфи Аќиф. За време на неговото убиство, во Косово возел „БМВ“ со скопски таблици, регистрирано на Дритон Туша https://www.facebook.com/tushafamily15?mibextid=LQQJ4d сопственикот на кафе-барот „Беги“ од Бутел, брат на полицаецот Насер Туша кој работи во Интервентна полиција https://www.facebook.com/naser.tusha.1?mibextid=LQQJ4d, братучед на Гани Туша, сега Марку, второ осомничен и во бегство за двојното убиство во „Шиша Бар“.

Нетпрес од свои извори дознава дека полубратот на Бљерим Дачи, Меџит, е полициски службеник https://www.facebook.com/mexhit.daci?mibextid=LQQJ4d

После сите овие скандалозни информации, не постои никакво логично објаснување како браќа и полубраќа кои припаѓаат на  криминални формации имаат поминато безбедносна проверка и се вработиле во МВР!