![porosenko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/porosenko1.jpg?resize=328%2C218&ssl=1)
Украина во 2020 година ќе поднесе барање за членство во ЕУ, изјави денеска шефот на државата Петро Порошенко.
– Пред цела Украина денеска ќе ја претставам новата програма, визијата за реформи под име „Стратегија-2020“ – истакна Порошенко.
Тој нагласи дека документот вклучува 60 реформи, специјални програми, кои Украина ќе ги исполни со цел по шест години да добие покана за членство во Унијата.