
Сегашните добри односи меѓу Србија и Словенија би можеле да бидат уште подобри, а економски уште поуспешни, изјавија во четвртокот шефовите на двете земји, но кога станува збор за слободата на медиумите се покажаа големи разлики во ставовите на претседателка на земјата членка на Европската унија, Наташа Пирц Мусар, и претседателот на балканската земја којашто сака да ѝ пристапи на Унијата, Александар Вучиќ.
Вучиќ беше домаќин на Пирц Мусар, а на заедничката прес-конференција словенечки новинар го праша за граѓанските протести „Србија против насилството“ кои започнаа по двете масовни убиство на почетокот од мај, а на протестите, за кои се вели дека се граѓански и масовни, српската опозиција истакна низа политички барања.
Вучиќ на прашањето иронизираше во одговорот и рече „Низ дел од тие прашања се гледа како и поради што Европската унија нема толкава популарност“, алудирајќи на сѐ пониското ниво во анкетите на изјаснувањето на гласачите во Србија за членството во ЕУ.
„Понекогаш поради вашата преголема добра волја луѓето се чувствуваат понижени, бидејќи гледаат дека би сакале да се мешате во работите во кои никогаш никому не би сте му ги дозволиле да се меша кога во прашање се вашите земји“, додаде Вучиќ.
Обраќајќи му се директно на новинарот, Вучиќ додаде и дека Србија, за разлика од некои земји од ЕУ, нема пракса „да го убие Бога во демонстрантите“ со очигледна референца на бруталноста со која полицијата во европските земји се справува на масовните протести, а досега на последната низа протести во Белград нема судир меѓу демонстрантите и полицијата.
„Ние се трудиме да ги преземеме вашите најдобри демократски придобивки, единствено што не го преземавме е да го убиеме Бога во демонстрантите. Ние тоа нема да го правиме, ќе го избегнуваме до последен момент“, додаде Вучиќ.
На тоа реагираше Пирц Мусар, велејќи дека демонстрациите во секоја земја се легитимен чин и дел од демократијата, а дека известувањето на новинарите за тоа претставува слобода на изразувањето.
„Дел од демократијата е и слободата на медиумите, и на тоа треба исто така да се работи, а дел од тоа се и протестите. Се надевам дека на новинерот не му забележавте премногу на прашањето“, рече Пирц Мусар на што Вучиќ реплицираше заблагодарувајќи му се на новинарот „што постави такво прашање“.
„Кај нас, се разбира, слободата на медиумите е таква што секој ден би тренало да одговарам дали сум Хитлер или Мусолини. И вам ви го посакувам тој степен на слободи“, реплицираше во продолжение српскиот претседател.
Словенечката претседателка во продолжение изјави дека нејзината земја го гледа западен Балкан како европски простор и дека ќе се залага за проширувањето на ЕУ, бидејќи смета дека земјите од регионот треба да ѝ се придружат на Унијата.
Во поглед на актуелните тензии во поранешната јужна покраина Косово и Метохија, каде што албанските власти со поддршка на западните земји во 2008 година еднострано прогласија независна Република Косово, Пирц Мусар во манирот на постојаните пораки од Брисел рече дека за смирување на ситуацијата „потребни се две страни“, додавајќи дека властите во Приштина мора да го одработат својот дел од работата.
Укажувајќи на значењето на односите меѓу Белград и Приштина за целиот регион, Мусар Пирц рече дека тоа ќе покаже колу се сите, вклучително и Брисел, „заедно зрели“ ситуацијата да се смири.