
Преубавата Ријана ги почести своите обожаватели со провокативни фотографии од нејзниот празничен одмор на родниот Барбадос.
Само неколку дена по спектакуларната празнична забава која ја приреди по повод дочекот на новата 2014 година, Ријана блесна во скапоцени бикини, украсени со 2.600 Сваровски кристали.
Според таблоидите, ова бикини чини околу 1000 долари и е дел од лимитирана, луксузна колекција, но Ријана тврди дека таа ги добила на подарок, директно од дизајнерот Matthew Zink.
Каква и да е приказната зад овој костим за капење, Ријана има тело создадено за него.
И секако не е Ријана ако нема алкохол во рака.