Најмалку петнаесет луѓе загинаа а уште десет други се повредени во четвртокот во несреќа која се случила на вaжен автопат во централниот дел на Канада, соопшти тамошната полиција.
Несреќата се случила кога автобус со кој се превезувале главно постари лица се судрил со камиот со полуприколка на излез од автопат во руралниот дел од провинцијата Манитоба.
Роб Хил, началник на Кралската канадска полиција во Манитоба изјавил за медиумите дека автобусот превезувал вкупно 25 постари и со инвалидитети лица, и оти набрзо властите кон местото на несреќата испратиле спасувачки и медицински екипи. Додал дека десетте повредени лица биле брзо пренесени до најблиските болници.
Локалните телевизиски канали емитуваа снимки од останки од нешто што изгледа како големо комбе или автобус од кои се издига чад во канал а во близина има камион од кој делови се растурени на коловозот. Околината е преполна со остатоци, скрешено стакло, голем браник и делови од лични предмети. На снимките се забележуваа и неколку церади кои прекриваат нешто. Несреќата се случила околу пладнето по локално време, односно по 19 часот по средноевропско време во четвртокот.
Претходно полицијата на Twitter објави дека несреќата се случила близу градот Карбери, на 170 километри западно од Винипег, главниот град на Манитоба, каде биле упатени хеликоптери за брза помош од Винипег и Регина.
„Вестите од Карбери, Манитоба се неверојатно трагични… Упатувам најдлабоко сочувство до оние кои денеска ги загубија своите најблиски, а со мислите сум со повредените. Не можам да ја замислам болката што ја чувствуваат погодените – но Канаѓаните се тука за вас“, објави на Twitter кандскиот премиер Џастин Трудо.
Несреќата ги разбиди сеќавањата на тешката автобуска несреќа од 2018 година во соседната провинција Саскачеван во кој загинаа 16 членови на хокерски тим од младинската лига.