Борел ги поканил Курти и Вучиќ во Брисел – уапсените косовски полицајци не биле на територија на Србија

Во врска со тројцата уапсени косовски полицајци во Србија, премиерот Албин Курти тој го повтори тврдењето дека тие биле „грабнати на територијата на Косово“, ситуацијата на северот на Косово со четирите општини со мнозинско српско население, Курти рече дека се потребни предвремени избори.

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) денеска соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, ги поканил премиерот на Приштина, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел следната недела на средба во врска со кризата.