Нападната екипа на РТК во Лепосавиќ – го сопнаа и го клоцаа снимателот

Напад на новинарски екипи кои известуваат на албански јазик попладнево е регистриран во Лепосавиќ. Повреден е снимател на Радио телевизија Косово (РТК), соопшти државната телевизија.

На видео што се шири на социјалните мрежи се гледа како група маскирани лица ги бркаат камерманот и новинарот на РТК. Еден од напаѓачите во еден момент успеа да ги стигне и да турне на земја по што го удира со нозе по телото.

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите го осуди денешниот напад врз снимателот на РТК во Лепосавиќ. Здружението на косовските новинари апелира до косовската полиција, но и до меѓународната заедница да овозможат безбедно известување од северот на земјата.