Хрватската пејачка Северина со провокативни фотографии, го најави новиот албум „Sorry“. Облечена во секси танга-боди и црни чорапи, таа ја покажа својата неверојатна фигура.
Инаку, ова ќе и биде нејзиниот тринаесетти музички албум по ред. А, набргу премиерно ќе бидат прикажани пет нови видео спотови.
Првите две песни, наречени „Извини“ и „Метак“, кои се во соработка со рапер Нучи, ќе бидат објавени на 27 јуни. Една недела подоцна ќе излезат песните „Небо“, „Правда за љубов“ и „Сто степени“. Вториот дел од албумот, планирано да се промовира на есен.
Хрватската пејачка откри дека неизмерно се радува на новиот албум, но и на нејзината петта регионална турнеја.