Американскиот претседател Џо Бајден изјави во саботата дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО.
Запрашан дали е за тоа на Украина да ѝ се „олесни“ пристапот во Алијансата, Бајден кусо одговори „не“.
„Украина не може да биде фаворизиран и мора да ги почитува сите критериуми. Значи нема тоа да го олеснуваме“, рече американскиот претседател.
Бајден се изјасни за евентуалното членство на Украина во НАТО, што Русија го истакна како една од главните причини за воената инвазија во соседната земја започната на 24-ти февраури 2022 година, а пред самитот на Северноатлантскиот сојуз кој на 11-ти и 12-ти јули ќе се одржи во Вилнус.
На Украина на овој самит нема да ѝ биде упатена покана за членство во Алијансата, изјави претходно генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тоа е првиот чекор во процесот на пристапување.
Столтенберг, сепак, истакна дека Украина ќе стане членка на НАТО кога за тоа ќе дојде времето, без да навести никакви услови.
Русија ги смета силите на НАТО распоредени во близина на нејзините граници како закана. Во декември 2021 година, Москва поднесе нацрт-документи за безбедносните гаранции до НАТО и Вашингтон, барајќи да постсоветски земји како Украина и Грузија да не бидат членки во Алијансата и инсистирајќи на тоа дека блокот треба да ги повлече своите бази и ракетни инсталации на границите до 1997 година.
Таквата понуда за безбедносен договор на Москва беше одбиена со образложение дека секоја земја суверено носи одлука за тоа во кој блок ќе членува, а откако Киев во својот устав вметна амандан за прироритет на членството во НАТО и по изјавата на украинскиот претседател Володомир Зеленски на Минхенскиот безбедносен форум кој во заднината на наводната воена руска закана изјави дека Украина е подготвена за скоро време да стане нуклеарна сила, руските трупи влегоа во Украиан под образоложение дека спречуваат погром и етничко чистење на руското и рускојазичното население од југоисточните укриаински региони каде што тоа е доминатно.