
Во борбите во Сирија загина уште еден државјанин. Станува збор за Рамо Пазара, за кој портали блиски до Исламска држава тврдат дека бил еден од командантите.
Пазара бил од Теслиќ со прекар Абдулах и загинал во борби со Курдите на сириско боиште. Пазара учествувал во борби кај градот Кобане на границата со Турција.
Во Сирија според медиумите бил заменик на чеченскиот командант Омар ал Шишани, кој е меѓу најпознатите странски борци на Исламска држава.
Пазара минатата година се вклучил на военото боиште во Сирија. Претходно живеел во САД каде работел како возач на камион.