
Мрежата на жени на Косово укажа на скандалозниот настан што се случи во Центарот за рехабилитација каде беше силувано 11-годишно девојче.
Како што објави Индекс онлајн, станува збор за девојчето кое се наоѓа во засолниште со висок степен на обезбедување, кое минатата година во Приштина ја силувале пет мажи.
-Мрежата на жените на Косово изразува длабока загриженост поради институционалниот неуспех да ги заштити жртвите на родово базирано насилство во просториите на ова засолниште. Силувањето на 11-годишно девојче во засолниште со висока безбедност јасно покажува институционален неуспех и запоставување. Покрај очигледниот неуспех да се рехабилитираат жртвите на родово засновано насилство, институцијата ги товари жртвите за кривични дела и повторување на трауматизација, велат од Мрежата на жени на Косово.