Лицето У.В. од српска националност е уапсено во раните утрински часови во Лепосавиќ на северот на Косово. Тој околу 8 часот излегол од населбата Тврѓан и тргнал кон Лепосавиќ, во близина на местото викано Бункер.
Жителите на Лепосавиќ се собираат во близина на општинската зграда и се видно вознемирени од веста која стигна утрово, јавува Косово онлајн.
Oколу Лепосавиќ се распоредени засилени силите на КФОР.
Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.