
Потрагата по исчезнатата подморница која последен пат беше видена вчера во Атлантикот продолжува, а се претпоставува дека меѓу патниците е и познатиот британски милијардер и истражувач Хамиш Хардинг.
Крајбрежната стража на Бостон и Канада во моментов е во потрага по подморницата на компанијата „Oceangate Expeditions“.
Официјалните лица рекоа дека не го знаат точниот број на исчезнати луѓе, но дека подморниците на оваа компанија можат да превезуваат најмногу пет лица истовремено. Поради ова, не е јасно дали сите во подморницата се членови на екипажот или меѓу нив има и туристи.
Потонатиот легендарен брод Титаник се наоѓа на 3.800 метри на дното на Атлантикот, на 600 километри од брегот на Њуфаундленд во Канада, а „Oceangate Expeditions“ е единствената компанија која нуди вакви тури.
Како што пренесуваат светски медиуми, меѓу патниците на оваа турнеја бил и британскиот милијардер Хамиш Хардинг, кој вчера на својот Фејсбук и Инстаграм профил возбудено објавил дека ќе се приклучи на најновата експедиција на компанијата „Oceangate Expeditions“ и дека конечно по лошото време во За Њуфаундленд може да започне патувањето до потонатиот брод Титаник.
– Горд сум што конечно можам да објавам дека и се приклучив на компанијата „Oceangate Expeditions“ во нивната експедиција како специјалист за мисии на подморницата што се спушта на Титаник – напиша Хардинг во објава на својот Фејсбук профил пред само еден ден.
Како што дополнително објасни, во подморницата има неколку легендарни истражувачи, од кои некои нурнале до потонатиот брод Титаник повеќе од 30 пати во текот на 1980-тите.
Оттогаш тој нема објавено ништо на социјалните мрежи, а подморницата сѐ уште ја нема.
Инаку, компанијата не прецизираше кога точно исчезнала подморницата, но адмиралот Џон Магер за Фокс њуз изјави дека се проценува оти во неа има кислород за уште 72 часа, со оглед на тоа што е опремена со воздух за 96 часа., пишува Daily Mail.
Хардинг е британски бизнисмен, авијатичар, истражувач и вселенски турист кој живее во Обединетите Арапски Емирати. Тој е основач на Action Group и претседател на Action Aviation, меѓународна брокерска компанија за авиони со седиште во Дубаи.
Хамиш Хардинг моментално поседува три Гинисов рекорди. Од 9 до 11 јули 2019 година, капетанот Хардинг служеше како директор на мисијата и пилот на екипажот за мисијата One More Orbit, која го постави актуелниот светски рекорд за брзина за најбрзо авионско опкружување на Земјата низ двата пола.