Уганда приведе 20 можни соработници на исламистите по масакрот во училиштето

Угандските власти соопштија во понеделникот дека 20 лица се приведени на испитувања за можната нивна улога во масакрот на 42 лица, главно средношколци, кој во петокот го изведе исламистичката групација Сојузнички демократски сили (ADF), блиска на џихадистичкото движење Исламска држава.

„Уапсени се најмалку дваесет осомничени соработници на Сојузничките демократски сили, за да се помогне во напите истраги“, соопшти угандската полиција.

Меѓу приведените, како што соопшти полицијата, е и директорот на средното училиште.

Група милитанти на групата повразана со Исламската држава упадна во петокот во средно училиште Лубирира во Мпондве, град од угандската граница со Демократска република Конго.

Запалиле еден ученички дом за момчиња и упаднале во втор за девојчиња и со мачети започнале да ги сечат жртвите. Од 42 лица убиени во нападот, 37 се ученици. Меѓу жртвите е и 12-годишно девојче кое одело во првата година од средното училиште, се истакнува во извештајот на полицијата.

Седумнаесет тела се спалени до непропознатливост, а со ДНК тестирање ќе се утврди нивниот идентитет, соопштија властите.

„Сите 17 спалени тела се машки, а изгорениците се по целите тела, и однапред и одзади. Една жртва имала дополнителна прострелна рана“, додава полицијата.

Сојузнички демократски сили (ADF) се формирани во 1990-те години во Уганда. Со години бунтовниците се бореа против владата на претседателот Јовери Мусевени од своите бази во планините Рвензори кои ги раздвојуваат Уганда и Конго. Со текот на времето угандската војска ги протера во густите џунгли на Конго од каде изминатите години изведуваат брутални напади врз цивилите.

Овие ткн Сојузнички демократски сили тврдат дека се борат за правата на муслиманите коишто наводно владата во Уганда сѐ повеќе ги туркала на маргините на општеството. Прокламираната цел на овие групации е да се собори владата во угандската престолнина Кампала. Сепак, најмогу во нападите на исламистичките групации гинат цивили. Најголемиот напад што го изврши ADF беше врз универзитетскиот кампус во погранична област во 1998 година, кога беа убиени 80 студенти. Милитнатите од ADF повремено изведуваат и напади во внатрешноста на Уганда, а меѓу тие е и се бомбашките напади во главниот град Кампала во 2021 година.