Денеска врнежливо, за викендот суво

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, особено претпладне, со умерен до засилен северен ветер кој ќе продолжи и во сабота со позасилен интензитет.

Температурата од 11 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурата до 16 степени.

Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури и постепен пораст на дневните температури.