
Три ромски деца, Миленко Станковиќ (9) и двете негови помлади сестри Анќелка (5) и Сања (3), настрадаа во пожар кој утрово по 1 часот се случил во Нов Белград, изјави началникот на Управата за вонредни ситуации, Раде Милошевиќ.
Според неофицијални информации, пожарот е предизвикан од свеќа. Децата целосно изгореле и покрај обидот на соседите да ги извлечат од куќата.
„Изгорена е барака од 20 квадратни метри која била заградена со картони и дрвени даски“, изјави Милошевиќ.
Тој додаде дека на местото на несреќата пристигнале две возила со осум пожарникари, но се било завршено додека да стигнат поради материјалот од кој е изградена самата барака.
На крај началникот додаде дека надлежните ограни во моментов спроведуваат истрага за тоа како настанал пожарот.