
Ситуацијата на Косово е многу тешка и загрижувачка и доколку не дојде до итна деескалација, кризата на Косово може да прерасне во регионален конфликт, предупреди посебниот американски претставник за Западне Балкан, Габриел Ескобар. Таквиот став го дели и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за диујалогот Белград – Приштина.
Двајцата дипломати оценија дека решение на кризата гледаат во ослободување на тројцата косовски полицајци од притвор и распишување на нови избори на северот на Косово со учество и на Србите во процесот.
Во меѓувреме се огласи и командантот на КФОР, Микеле Ристуча кој порача дека војниците од мировниот контингент се подготвени да реагираат на Косово за спречување на натамошни тензии, но и за било каква ситуација со која може да се соочат.
Порталот Политико, пак, пишува дека косовскиот премиер Албин Курти успеал да го постигне она што се смета за невозможно на американската сцена, а тоа е обединување на Демократите и Републиканците. Вашингтон, како што се наведува, го обвинува исклучиво Курти за најновите тензии на Косово, но не успеа да го запре со јавна критика.
Потезите на Курти ги критикуваше и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен и поранешниот пратеник за регионот, Ричард Гренел. Политико наведува дека трпението кон Курти го губи и Европската Унија.