Германскиот фудбалер од средниот ред, 33-годишниот Тони Крос, го продолжи едногодишниот договор со Реал Мадрид и сега е под договор до јуни 2024 година, објави во средата шпанскиот клуб.
Актуелниот договор на Крос истекува на крајот на месецот. Тој пристигна во Реал во 2014 година од Баерн и со „Кралскиот клуб“ освои четири титули во Лигата на шампиони, три титули во лигата и Купот на Шпанија, пет светски клупски првенства.
Со германската репрезентација тој беше светски првак во 2014 година, а пред да дојде во Реал, со Баерн веќе ја освои Лигата на шампионите, за кој има одиграно 417 натпревари.