Кога би се нашол на црна листа на САД, не само што би поднел оставка, туку би го сметал за најголем пораз во кариерата, вели Ковачевски

Доколку премиерот Димитар Ковачевски би се нашол на црната листа на САД, тој тоа би го сметал за најголем пораз во неговата кариера. Така изјави тој денеска, на прашањето за коментар, откако името на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави на црната листа на САД, како што веќе објави Стејт Департментот.

„Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек кој дел од своето образование го завршил во САД, не само што ќе си дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски.