Марјан Шокаровски е новиот директор на Кардиохирургија

Новиот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е доктор Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на Клиниката од нејзиното основање, соопшти денеска Министерството за здравство.

Како што информираа од Министерството за здравство, Шокаровски е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во земјава, а вклучен бил и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блог и е ангажиран како асистент на Медицинскиот факултет – Скопје.

Фото: Фејсбук