
Во петокот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.
Утринските температури се движат од 15 до 19, а максималните дневни соодветно ќе достигнат меѓу 26 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде ончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, а температурата ќе се искачи до 34-от степен.