МТСП: Се преземаат мерки за дисциплинска одговорност на вработени во градинката од која исчезна дете

-Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за кои пишуваат медиумите, за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, а во насока на целосна и точна информација и расветлување за настанот, информира дека е запознаено со случајот и од комуникацијата со директорката на предучилишната установа, информираме дека истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено веднаш од родител во згрижувачката група, велат од МТСП.
Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето.
Инспекциските служби на МТСП ќе извршат вонреден инспекциски надзор согласно нивните ингеренции, за утврдување на фактичката состојба за настанот.
Грижата за децата и нивниот правилен детски развој останува приоритет, за тоа потврдуваат и вложувањата во нови капацитети на детски градинки, со што обезбедуваме можности за предучилишно воспитание и образование на секое дете, како и вложување во човечките ресурси како даватели на детската заштита, соопштија од таму.