Велика Британија, Германија, Полска и Италија засебно во саботата порачаа дека внимателно ги следат настаните во Русија, откако шефот на приватната воена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин покрена бунт против воениот врв.
„Во претстојните часови лојалност на руските безбедносните сили, а особено Националната гарда, ќе биде клучна за развојот на оваа криза. Тоа преставува најзначаен предизвик за руска држава во последно време“, се наведува во редовното известување во билтенот на разузнавањето на британското Министерство за одбрана.
Лондон наведува дека „Вагнер“ тргнал од делови на Украина под контрола на руските сили на територијата на Русија на најмалку две локации, како и дека „речиси сигурно заземал клучни безбедносни позиции“ во Ростов на Дон.
„Дополнителни сили на едниците на ‘Вагнер’ тргнуваат кон северот преку областа Вороњеж речиси сигурно со цел да дојдат до Москва. Постојат многу ограничени докази за борби меѓу борците на ‘Вагнер’ и руските безбедносни сили. Некои веројатно останале пасивни, премолчно пристапувајќи со ‘Вагнер’“, се наведува во објавата на британското воено разузнавање кое изобилува со релативизирања и нагаѓања.
Во меѓувреме руските медиуми објавија дека руските специјалци го заземале седиштето на „Вагнер“ во Санкт Петербург.
Британските тајни служби оценуваат дека таквата ситуација треба да се искористи за разгорување на граѓански судир во Русија, кој би довел до пад на политичките сили на претседателот Владимир Путин, пренесуваат британските медиуми.
Британското министерство за надворешни работи во ажурирани упатства на британските државјанства наведува дека извештаите укаживаат на „воени тензии во регионот Ростов и ризик од дополнителни безредија во земјата“.
Полскиот претседател Анджеј Дуда на Twitter објави дека утрово одржал консултации со премиерот и министерот за одбрана, како и со сојузниците, во врска со ситуацијата во Русија.
„Текот на настаните надвор од нашата источна граница се следи континуирани“, напиша Дуда.
Елисејскиот дворец соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон внимателно ја следи ситуацијата во Русија. „Остануваме сосредоточени на поддршката на Украина“, соопшти официјален Париз.
Портпаролот на германската влада соопшти дека владата во Берлин „внимателно ги следи случувањата во Русија“.
Од кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони соопштија дека премиерката „внимателно ги следи настаните во Русија кој покажуваат дека нападот на Украина предизвикува нестбилност во Русија“.
Истовремено челниците на институциите на Европската унија истакнуваат во саботата дека внимателно го следат развојот на настаните во Русија по бунтот на приватната паравојска против руските власти и дека станува збор за „внатрешна работа на Русија“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача преку Twitter дека „внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија“, дека е во конатакт со челниците на државите членки на ЕУ и од Г7 во која покрај еу-членките Германија, Франција и Италија, уште се и Велика Британија, САД, Канада и Јапонија.
„Ова е очигледна внатрешна работа на Русија… нашата поддршка на Украина останува непоколеблива“, додава Мишел.
„Тоа е внатрешна работа на Русија. Ја следиме ситуацијата“, изјави Ерик Мамер, портпаролот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиското обраќање до нацијата во саботата претпладнето вети дека ќе биде скршен вооружениот бунт на борците на приватната компанија на Евгениј Пригожин кој тврди дека ја преземал контролата на јужниот град Ростов на Дон во обидот да го собори воениот врв со кој со месеци е во директен конфликт.
Драматичните настани, со многу нејасни поединости и непроверени информации, се чини дека е најголемата домашна криза со којашто Путин се соочува во својата власт а особено по почетокот на инвазијата во Украина а што беше посакувано на Западот.
Во телевизиското обраќање Путин рече дека „претераните амбиции и личните интереси доведоа до предавство“, а бунтот го нарече „заривање ноќ во грбот на Русија и рускиот народ“. „А нашите акции во одбрана на татковината од таквите закани ќе бидат остри“, порача рускиот претседател.