Кадиров ги испрати своите борци во Ростов, Пригожин порача дека нема да се предаде

Чеченскиот водач Рамзан Кадиров изјави во средата дека неговите специјални сили се подготвени да помогнат во задушувањето на вооружениот бунт на приватната војска „Вагнер“ и дека ќе употреби жестоки методи доколку е потребно, а шефот на паравојската Евгениј Пригожин порача дека нема намера да се предаде.

Кадиров во соопштение го нарече однесувањето на Пригожин „нож во грбот“, ги повика руските војници „да не потклекнат пред никакви провокации“ и порача дека „војната не е време за лични незадоволства и решавање на спорови во заднината“.

Инаку Кадиров, и кога Пригожин во својата повеќемесечна конфронтација со рускиот воен врв поради наводното изосавање на поддршка за неговата паравојска и погрешното водење на војната во Украина најави повлекување од фронтот кај Бахмут, објави дека чеченските специјалци од единицата „Ахмат“ се подготивени во секој момент да ги заменат единиците на „Вагнер“ на боиштето.

„Борците на Министерството за одбрана и на Руската национална гарда од Чеченската Република веќе заминаа во зоната на напнатост. Ќе сториме сѐ за да го зачуваме единството на Русија и да ја заштитиме нејзината државност“, пишува Кадиров.

Чеченскиот водач истакна дека „бунтот мора да биде задушен“, и доколку за тоа се потребни „тешки мерки, чеченските борци се подготвени за нив“.

Истовремено во саботата шефот на платеничката паравојска Евгениј Пригожин рече дека тој и неговите луѓе од „Вагнер“ нема да се предадат по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин претходно вети дека ќе го задуши вооружениот бунт, откако Пригожин објави дека неговите борци го заземале јужниот град Ростов на Дон во обидот за соборување на воениот врв што рускиот претседател го означи како предавство на рускиот народ и руската држава која преку војната во Украина е во конфронтација со колективниот Запад.

„Претседателот длабоко греши кога зборува за предавство. Ние сме патриоти на нашата татковина, се боревме и се бориме за неа“, вели Пригожин во најновата аудио-објава.

„Никој нема да се предаде по налогот на претседателот, ФСБ (Федералната служба за безбедност, руската внатрешна разузнавачка агенција) или кој и да е друг. Бидејќи не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција, измама и бирократија“, наведува Пригожин кој навестува со тоа и политички пораки на неговиот бунт.

Руското ФСБ отвори кривична постапка на Пригожин за вооружен бунт и оцени дека неговите изјави се „повик на почетокот на вооружен граѓански судир на руската територија“.

Пригожин бара министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, со кои е во конфронтација и со месеци на нивна сметка објавува бројни навреди и критики за нивна неспособност во водењето на војната во Украина, да дојдат во Ростов на Дон. Но според руските медиуми, во Ростов претседателот Путин испратил двајца влијателни повозрасни генерали кои треба да ја разјаснат ситуацијата со бунтот на „Вагнер“.

Рече дека 25.000 борци под своја контрола а западните медиуми сега проценуваат дека „Вагнер“ има 40.000 борци, кои ќе ја „вратат правдата и наведе без никакви докази дека руската војска убила голем број негови борци во воздишен напад, што Министерството за одбрана го демантираше.

Руското Министерство за одбрана претхедно апелираше до борците на „Вагнер“, велејќи дека многу од нивните другари веќе ја сфатиле грешката.

„Многу ваши другари од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка барајќи помош за да се обезбеди можност безбедно да се вратат на нивните постојани места за распоредување. Таква помош од наша страна веќе им е дадена на сите борци и команданти кои се пријавија“, соопшти Министерството за одбрана.

Борците на „Вагнер“ се повикани да покажат претпазливост и да стапат во контакт со претставници на Министерството за одбрана или агенциите за спроведување на законот што е можно поскоро.

Претходно во саботата британската агенција Reuters наведува дека неименуван руски безбедносен извор рекол дека борците на „Вагнер“ ја преземале контролата над некои воени објекти во градот Вороњеж, 500 километри јужно од Москва.

 

Истовремено, руските медиуми објавија дека руските специјалци без никакво отпор под контрола го заземале централното седиште на „Вагнер“ во Санкт Петербург.

 

Локалните власти во југозападниот регион Вороњеж известија за борби во областа, додека во истоимениот главен град на регионот гори складиште за нафта.

„Во рамките на противтерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните борбени мерки на подрачјето на регионот Вороњеж. Ќе придолжам да давам информации за развојот на ситуацијата“, објави на Telegram попладнето во саботата гувернерот Александар Гусев.

Гусев на прецизира против кого се спроведува антитерористичката операција, но претодно се појавија непотврдени информации дека борците на „Вагнер“ заземале некои воени објекти во тој град.

Вороњеж, истомениот регионален центар, е оддалечен на околу 470 километри од руската престолнина, односно на околу половина пат од Москва до Ростов на Дон. Во Москва, како и во Вороњеж и во Ростов од утрото е прогласена вонредна антитерористичка состојба.

Гусев, исто така, извести дека службите за итни реакции го гасат запалениот резервоар со гориво во складиштето за нафта. Повеќе од 100 пожарникари со 30 противпожарни возила се на местото, пишува гувернерот.