
Есента пристигна, а румот е една од аромите на ова годишно време. Одвојте малку време, подгответе ги слатките коцки со рум, за кои не ви се потребни многу состојки и кои се подготуваат брзо и едноставно. Дозволете си го ова слатко уживање.
Потребно е:
За бисквит: 200 грама шеќер во прав, 1 јајце, 50 грама маргарин, 40 грама мед, 300 грама брашно, 1 прашок за печиво, 2 децилитри млеко
За прелив: 250 грама шеќер, 200 грама маргарин, 50 грама какао, 5 лажици вода, ½ децилитри рум, 200 грама кокос
Начин на подготовка:
Маргаринот се растопува и во него се додава медот. Во изматеното јајце се додават маргаринот, медот, млеко, брашно и прашок за пециво. Во намачкан плех истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 25 минути. Потоа растопете ги сите состојки за прелив, па измачкајте ги испечените коцки со него. На крај извалкајте ги во кокос.