Митева: Самопрогласените европјани СДС и ДУИ, добија потврда од Стејт департментот дека се вплеткани во големи криминали и корупција

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тематски трибини на коишто ќе зборуваме за актуелните случувања и она што навистина ги загрижува граѓаните на Македонија а тоа е високиот степен на криминал и корупција коишто владеат, овојпат под слоганот Пораки од реалниот живот, затоа што она коешто го презентира власта нема никаква врска со реалноста и со секојдневието со коешто граѓаните во Македонија се соочуваат поради криминалот и корупцијата на власта, рече Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на партијата насловена „Криминал и корупција“.

Митева изјави дека случајот за струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот.

„И она што можеме со сигурност да го кажеме е дека случајот Мерко ни покажа како вистински владеат СДС и ДУИ и денес да се биде криминалец во Македонија најверојатно е најлесната работа која што може да се направи, затоа што токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот“, рече Митева.

Нагласи дека одлуката на американскиот Стејт департмент го потврди криминалот и корупцијата во владата на СДСМ и ДУИ.

„Она што Стејт сепартментот го потврди е ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, уште еднаш покажа дека криминалот и корупцијата во врвот на ДУИ и СДС се приоритет и дека таму има луѓе кои што навистина сериозно се занимаваат со поткопување на Македонија“, рече портпаролката на опизициската ВМРО-ДПМНЕ.

Митева појасни дека ваквите криминални дејанија од СДС и ДУИ всушност ја рушат нивната фраза дека се европјани, туку како што рече тоа се луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и корупција.

„Самопрогласените европјани СДС и ДУИ кои што континуирано веслаат на таа фраза во јавноста, добија потврда дека се далеку од европјани, туку дека се навистина луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и голема корупција“, оцени Митева.