Над 46.000 мигранти екстрадирани од Турција во првата половина од годината

Од почетокот на годината Турција екстрадирала повеќе од 46.000 илегални мигранти, покажуваат податоците кои на Twitter ги објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според податоците, точната бројка на екстрадирани илегални мигранти за периодот од 1 јануари до 22 јуни е 46.633. Одделно во тек е екстрадициона постапка за 17.964 странци, посочи министерот.

Само во периодот од 16 до 22 јуни Турција привела 3.192 илегални мигранти и екстрадирала 1.831, покажуваат објавените податоци.