Белоруското разузнавање предупреди за подготовки на Западот за вооружен упад во земјата

Белорусија располага со веродостојни сознанија за обука која се спроведува во странство на терористи за вооружен упад на територијата на земјата, изјави во неделата во една од низата слични преупредувања на белоруските функционери Константин Бичек заменик на началникот на истражниот одел на Комитетот за државна безбедност (КГБ).

За телевизијата Беларусь 1, Бичек рече дека белоруската разузнавачка агенција веќе извесно време следи одредени терористички активности.

„Подготвени сме за таквите предизвици. Се преземаат соодветните мерки по налог на претседателот на државата. Избеганите терористи и колективниот Запад кој стои зад нив, немаат шанси. Поседуваме доволно капацитети навремено да ја неутрализираме заканата“, уверува Бичек.

Прецизираше дека обуката на лицата кои имаат криминално минати се одвива во бази на специјалните сили или вооружени формации на соседните земји кои се членки или сојузници на НАТО.

„Во Полска тоа е (базата) Гром, во Литванија тоа е Сојузот на стрелците.., во Украина СБУ (Службата за безбедност на Украина) и на единиците на военото разузнавање“, додаде припадникот на белорската КГБ.

По обуката, продолжи Бичек, милитантите имаат „огнено крштевање“ на бојното поле во југоисточна Украина, по што стануваат инструктори кои подготвуваат терористички напади и разработуваат планови за упади во Белорусија.

Истакна дека на белоруското КГБ ѝ се познати идентитетите на припадниците на специјалните служби кои ги обучуваат оние што треба да ги изведат терористичките упади, како и фондовите од кои се финансираат тие активности.

Минатата седмица британскиот весник The Sunday Times објави дека неколку стотици лица минуваат борбена обука во Познан во Полска, кои таму дошле од Белорусија како противници на владата на претседателот Александр Лукашенко и оти овој период се прават планови за обиди за продрат на белоруска териорија и да предизвикаа бунт кој треба да заврши со соборување на властите во Минск.

Исто така, во последната седмица од мај поранешниот заменик министер за национална одбрана на Полска, генерал Валдемар Скшипчак ја потврди изјавата на белорускиот лидер Александр Лукашенко дека Полска се подготвува за вооружен пуч во Белорусија и учествува во воена поддршка на таквите активности. Сшипчак тогаш рече дека во „востанието“ можат да се приклучат и Белорусите кои моментално учествуваат во борбите на страната на Украина.

Претходно челникот на белоруското разузнавање Иван Тертел предупреди дека во некои западни соседни земји како и во Украина постојат кампови за регрутирање и обука на лица кои би учествувале државен преврато во Белорусија. Според него, припадници на радикалната белоруска опозиција побарале до нивните западни спонзору сума од 250 милиони долари за субверзивни активности во земјата.

Белорускиот претседател Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да заземат помал град и да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белоруската влада.