
Талибански бунтовници нападнаа округ во стратешки важна авганистанска провинција во близина на Кабул и за пет дена убија десетици лица.
Властите во провинцијата Газни загубиле контакт со полицијата во округот Аџерстан, кој се наоѓа во западниот дел од провинцијата.
Нападите од талибанските борци започнале пред пет дена и според првичните соопштенија над 100 лица се убиени, од кои 15 се обезглавени.
Провинциските власти побарале помош од централната Влада, но досега не се испратени дополнителни воени единици.