Од вкупното количество испуштени води во 2022 година, непречистени биле 72.4 %, а пречистени 27.6 % од отпадните води. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2022 година било за 1.8 % повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 67. 0 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2022 година било за 3.3 % помало во однос на 2021 година.