
На граничниот премин Богородица вчерае пријавен нов случај на украдени таблички на возило на макдонски државјанин во Грција.
Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака на возилото. Кражбата на регистарската ознака се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција
Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.