Ибра: Може ќе се вратам на терените…

Златан Ибрахимовиќ реши да ја заврши активната играчка кариера со крајот на натпреварувачкаат 2022/2023, но Швеѓанецот со балкански корени е специфичен лик, карактер со кого никогаш не е здодевно и сите опции се во игра.

Иако не е поминат ниту месец од неговото пензионирање тој ја подостави отворена вратата за негов кам-бек на терените.

-Се чувствувам навистина опуштено и тоа искрено е изненадувачки, бидејќи не мислев дека ќе бидам. Мислев дека ќе бидам под стрес. Наместо тоа, се чувствувам прилично кул, -рече Златан и додаде:

-Ќе одвојам малку време, ќе видиме што ќе се случи. Поминаа само три недели, можеби ќе се вратам да играм, никогаш не се знае, би можел да бидам на предсезонските тренинзи со Милан следниот месец, -порача Ибра кој имаше импресивна кариера во која играше за италијански, шпански, француски и англиски великани.