Млазен авион од типот „Embraer Legacy 600“ регистриран во Русија, кој во документите за американските санкции се поврзува со шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, долетал во вторникот во Белоурисја од правец на Русија.
Податоците на интернет мрежата за следење на летовите Flightradar24 покажуваат дека малиот деловен млазен авион одлетал кон Белорисија рано утрото во вторникот.
Идентификациските кодовои на авионот одговараат на оние на млазниот авион кој САД го поврзуваат со „Аутолекс Транспорт“, кого американското Биро за контрола на сранската соптвеност го поврзуваат со Пригожин.
Според договорот кој во саботата вечерта по еднодневниот бунт на „Вагнер“ беше постигнат со посредување на белорускиот претседател Александр Лукашенко, Пригожин треба да се пресели во Белорусија.
Во обраќањето до нацијата во понеделникот вечерта, рускиот претседател Владимир Путин на борците на „Вагнер“ кои учестуваа во бунтот им остави неколку опции – да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, да се вратат кај своите семејства или да заминат во Белорусија.
Последната опција, доколку поголем број од борците на „Вагнер“ го следат нивниот шеф Пригожни, кај некои аналитичари на Западот предизвикува стравување дека можеби станува збор за руска маневра со којашто е можен напад врз Украина од Белорусија,
„Фактот што (Пригожин) оди во Белорусија предизвикува загриженост“, изјави во неделата за Sky News поранешниот началник на британскиот Генералштаб Ричард Данат, ден откако Пригожин го запре кусиот бунт на борците на „Вагнер“.
„Доколку успее да ги задржи ефективните борбени сили околу себе, тогаш повторно претставуваат закана за украинските сили, бидејќи ќе бидат најблиску до Киев“, резимира пензионираниот британски генерал Данат.
Според него, би било „сосема возможно“ Русија да ги искористи „Вагнер“-овците за повторно да се обиде да го заземе Киев, без оглед на кусотрајниот бунт кој заврши со согласноста на Пригожин да се пресели во Белорусија.