
Народната банка пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Скорпија“ од серијата „Хороскопски знаци“. Цената на оваа кованата пара изнесува 2.700 денари.
Кованата пара е изработена од сребро 925, со тежина од 21 грам, чистота на среброто 19,43 грама, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија, соопшти НБРМ.