Волфсбург брои 17 милиони фунти за Де Бруин

Челниците на германскиот бундеслигаш Волфсбург потврдија дека се подготвени да го исплатат побараното обештетување за белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Кевин де Бриун.

Контроверзниот менаџер на „сините”, Жозе Мурињо веќе изјави дека повеќе не смета на младиот играч за врска и дека истиот може да си замине од „Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок.

Поранешниот фудбалер на Генк е проценет на 25 милиони фунти, но истиот ќе добие дозвола да се пресели во Германија, доколку челниците на Волфсбург го исплатат побараното обештетување од 17 милиони фунти.

Освен популарните „волци”, голем интерес за Де Бруин, демострираа и големите ривали од германската Бундес лига, Борусија од Дортмунд, Шалке и Баер од Леверкузен.