Унгарија ја прекина испораката на гас за Украина

Унгарската компанија „FGSZ“ ја прекина испораката на гас за Украина. Официјална Будимпешта образложи дека потребата за повлекување на овој чекор е тоа што Унгарија има потреба да ги зголеми своите резерви гас.

Прекинот во снадбдувањето на гас на Украина е започнато од вчера попладне, а ќе биде на неродредено време, соопштуваат од компанијата.

Одлуката за прекин во испораката на гас за Украина е донесена неколку дена по состанокот на унгарскиот премиер Виктор Орбан со претседателот на руски „Гаспром“, Алексеј Милер во Будимпешта, пренесува Франс Прес.

Како што јавува унгарската агенција МТИ, во таа прилика договорено е Унгарија да почне да го штеди гасот за да ги зголеми своите залихи.